Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски и неговиот колега Олександр Овчаренко се освојувачи на трофејот во двојки на ИТФ фјучерсот што се игра во Куршумлиска Бања (Србија) на земјена подлога за награден фонд од 25.ооо американски долари.
Ивановски и Овчаренко (четврти носители) се соочија со третите носители Андреј Шепелев и Микалај Халиак, се водеше голема битка на централниот терен за да на крајот се заврши со славје на македонско-укранска комбинација со 2-1 во сетови.
Шепелев и Халиак беа подобри во првиот сет со 6-3, во вториот имаше големо надигрување во кое решаваше тај-брејкот каде Калин и Олександр беа подобри со 7-5, па се дојде до решавачката рунда каде четвртите носители водени од таа енергија го комплетираа пресвртот со 10-5 за титула.
Со ова Калин ја оствари првата мисија, го освои првиот пехар со тоа што има можност утре да биде број еден и во поединечна конкуренција под услов во финалето да го добие 23-годишниот Клемен Табур (Франција).
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.