Македонската дива Калиопи вечерва настапува во Домот на млади во Сараево, каде што ја воодушеви публиката со енергичен настап.
Препознатлива по својот раскошен вокал, Калиопи вечерва во Сараево ги изведе своите најголеми хитови.
- Прегазен пешак во Чаир, возачот избегал
- Вучиќ е убеден дека САД ќе воведат санкции за НИС: „Ќе разговарам со Путин“
- Абазовиќ за Мартиновиќ: Убиецот се измешал со полицајците, не се разликувал од инспектор
- Цената на биткоинот може да достигне 155.000 долари непосредно пред инаугурацијата на Трамп
- Моторот на рускиот авион откажа по 10 минути, драма за 236 патници! Присилно слетал на аеродромот во Шарм ел Шеик (ФОТО)
- Кузмановски: Веруваме дека ќе ја израдуваме македонската нација
- Внимателно на патиштата, сообраќајот се одвива по влажни коловози
- 20 мафијаши на Коза Ностра пуштени на слобода! Меѓу нив е и сопственикот на „смртната комора“, семејствата на жртвите во страв
- Лазаров: Македонскиот ракомет е на добар пат
На музичката дива на сцената и се придружи Жељко Самарџиќ кој со неа ја изведе дуетската песна „Знам“.
Она што особено ги воодушеви присутните е нејзината неверојатна енергија, а пејачката во еден момент воодушевено се спушти меѓу присутните и ги прегрна и со задоволство направи селфи фотографии. Покрај аплаузи и овации, Калиопи доби и цвеќе од публиката.
„Ми недостига Сараево штом знам дека морам да го напуштам… Токму затоа секое враќање во овој град е дар на живот. Сараевската публика не ја доживувам како барана, туку реална. Тоа е публика која има вграден став кон тоа што сака, а што не. Нека се радуваат слободно, затоа што ќе имаме празнична атмосфера! Им подготвувам концерт 10 животи“, изјави пејачката во интервју за Klix.ba. најавувајќи го концертот.
Покрај добрата музика, Калиопи за сараевчани подготви и специјална изложба „Дона“ на сараевската уметница Алма Коњичанин, која ќе можат да ја погледнат за време на концертот и да создадат добро дело.
Имено, изложбата е на продажба, а на иницијатива на Алма Коњичанин и Калиопи, целиот приход од вечерашната продажба на сликите ќе биде дониран на здружение кое ги обединува жените болни од рак.
Инспирација за секоја од 17-те слики се песните на Калиопа, а секоја слика претставува по една песна.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.