Калиопи го прослави роденденот на концертот на Жељко: Самарџиќ ѝ честиташе пред сите а ѝ даде и подарок (фото)

Во преполната МЦ Дворана се одржа концерт на поп иконата Жељко Самарџиќ, кој по третиот концерт ќе одржи уште три до крајот на оваа година во Дворана.

Како и секогаш, Самарџиќ безрезервно ѝ се предаде на публиката, а тие одговорија на истиот начин. Два и пол часа траеше забавата со фановите во неисцрпен репертоар од хитовите на познатиот пејач.

Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури. Источниот …
Два хороскопски знаци кои сакаат да глумат жртви
Веројатно сите знаеме луѓе кои претпочитаат да ги нагласат грешките што им се направени наместо да преземат одговорност. Ова однесување може да остави впечаток на манипулација или пасивна агресија. Можеби …

Традиционално, на Самарџиќ на сцената му се придружија неговите пријатели музичари, а вистинскиот спектакл настана кога се појави Калиопи, која го прослави својот роденден. Жељко во таа прилика и’ подари цвеќе кое ја воодушеви.

Таа ги отпеа „Црно и бело“ и познатата „Бато“, а публиката не и’ дозволи сама да ја заврши оваа задача, и ја поддржа во хор. Салата одекна и зрачеше посебна енергија, која магично ја создадоа пријателите на сцената изведувајќи го дуетот „Знам“.

И овојпат, популарниот пејач избра само хитови за публиката.

Атмосферата го достигна својот врв кога на сцената се појави гостин кого Самарџиќ го чуваше како изненадување, познатиот трубач Дејан Петровиќ – Биг Бенд. Тој и Самарџиќ го отсвиреа хитот „9000“, кој инстантно се претвори во вистински спектакл.

Жељко следната средба за дефинитивно ненаситна публика ја закажа за денес, како и два пати во сабота на 30 декември кога ќе настапи во 17 и 20 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.