Демократската кандидатка се појави во ТВ емисијата „Сабота вечер во живо“ каде учествуваше во скеч „со себе“. Таа го буцка Трамп дека, за разлика од него, таа барем знае да отвори врати.
Камала Харис беше во скечот заедно со Маја Рудолф, комичарка позната по нејзиното имитирање на демократскиот кандидат. Маја ја глумеше Камала во скечот и преку „огледало“ разговараше со „самата“. Од другата страна на „огледалото“ беше вистинската Камала Харис.
Актуелната потпретседателка спомна како за разлика од Трамп барем знае да отвора врати, а со Маја се пошегува и за нејзината специфична смеа.