Камбовски: Казната изречена во тетовскиот суд е според закон, Собранието за вакво дело предвидело казна од една до пет години

Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски во 24 анализа зборуваше за пресудата од две години која ја доби возачот што ја прегази Теодора од Тетово.

Според него, законот за ваквите случаи предвидува казни од 1 до 5 години затвор. Тој објасни и дека потребни се реформи во Кривичниот законик со цел да се зголемат казните. Камбовски, прашање за пресудата и изречената казна на возачот, доби и од семејството на Теодора.

„Човечкиот живот нема цена и не постои казна што може да се даде кога гледате низ очите на оштетените и таа загуба не може да се надомести. Законот има граници и определил колку тоа дали ние го сакаме или не, во конкретниов случај казната е од 1 до 5 години. Така одлучил законодавецот, тоа не го одлучил судот, тоа не е наша одлука. Собранието го изглаласло тој закон кој и ден денеска е во сила. Треба суштински реформи во Кривичниот законик и ако бараме ад хок или итни решенија, нема да донесат ефект затоа што во иднина ќе ги имаме истите проблеми. Законската рамка е од 1 до 5 години и не можеме некого да го осудиме 10“, рече Камбовски.

Семејството на Теодора преку прашање испратено до Телевиза 24, го прашаа Камбовски зошто е изречена ниска казна за предмет кој тргнал повторно од почеток. Според него, предметот не тргнал од 0 туку ги поминал сите три инстанци.

„Предметот не тргнал од 0 ги поминал трите инстанци. Врховен суд ги укинал двете преусди и се вратил на почеток. Во сите тие инстанци жалби изјавувал само обвинетиот. Согласно нашите закони, согласно европските закони и практики кога само обвинет ќе поднесе жалба не може, се натаму во врска со санкцијата да биде во негова штета и тоа се факти“, одговори Камбовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: