Каменос: Грција за 20 минути би ја зазела Македонија

Напаѓајќи го Преспанскиот договор во вчерашното интервју поранешниот грчки министер за одбрана, Панос Каменос кажа дека Грција за 20 минути би ја зазела Македонија, пишува “Катимерини“.
“Ние не чувствуваме никаква закана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија“, рече тој за грчкиот телевизиски канал ТРТ.
Тој уште повтори дека бил “измамен“ од премиерот Алексис Ципрас, за кој рече дека првично требало да го донесе договорот за името во Парламентот по март.
Каменос, исто така, го искритикува и поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас велејќи дека “дејствувал предавнички“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.