Каменос со ист став

Во интервјуто за ТВ Антена“ коалициониот партнер во грчката Влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос уште еднаш го повтори веќе кажаното на прес-конференцијата одржана минатата седмица во Солун. А, тоа е дека на американските сенатори со кои се сретнал им објаснил дека Македонија била дел од планот на Тито и на Југославија за излез на море, додавајќи дека во регионот „била пролеана крв”.
– И сега доаѓаат да им кажат на победниците дека ќе треба да помине ставот на поразените. И на крајот на краиштата чекаа 25 години да се реши прашањето. Нека чекаат и 35. И скопјаните мора да сфатат, кои се и што се.
Тие се Бугари-Словени кои го формирале ВМРО, Албанци се обидуваат да земат еден дел од Скопје и говорат за Голема Албанија, и некои Срби се зборовите на Каменос, пренесе МИА.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.