Камерна и траорна атмосфера во некогаш силната вмровска општина за Мицковски. Каде се членовите?

Како што може да се види од фотографиите кои се циркулирани вечерва од портали блиски на Мицковски продолжува трендот на пропаѓање, забрзано пропаѓање на партијата.
Да се подигне штабската камарила од „Белата палата“ и да се одвезе за да се држи пиар настан пред 30 луѓе е повеќе од катастрофа во ова пресудно време за Македонија. Реториката останува популистичка и Мицковски се обидува и понатака да се претстави како автентичен ВМРОВЕЦ, што според наши информации не поминува.
Како и до многу други општини и тука е запалена тревогата оти членството не се ажурира и со тоа јасно става до знаење дека не ја поддржува неговата политика. Па затоа оди лично во посети, демек дошол лидерот. Оној од сликите на ѕидовите по празните штабови… И секој што дошол лично да го види „тито“ му тутнуваат формулар за АЖУРИРАЊЕ. Така се придобиени некои од луѓето, што едноставно им било незгодно да одбијат.
Но во Ѓорче да нема партијата во секој момент 2-3000 луѓе кои може да ги мобилизира не било никогаш, дури од далечната 1990 година и основањето на партијата. 
Фото: република

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.