КАМИОН ВЛЕТАЛ ВО ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ: Возачот не притиснал рачна сопирачка, прегазени 29 ученици, дрон снимил ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ (ВИДЕО)

Камион без возач прегазил 29 ученици на фестивал во Киргистан во средата!Возилото, кој го користел продавач на сладолед, ненадејно се спуштило надолу и прегази толпа ученици, од кои многумина биле свртени со грб. Некои успеале да побегнат, но многумина немале толку среќа.

Осумнаесет деца на возраст од девет до 16 години се хоспитализирани, додека седум се во критична состојба.Застрашувачкиот инцидент го снимила камерата на дронот кој го снимил моментот кога децата го држат големото знаме на Киргистан.На видеото се гледа како камионот ненадејно се движи по удолницата и минува низ групи деца. Медиумите пренесуваат дека тој постигнал брзина од речиси 50 километри на час. Се гледаат и некои мажи кои се обидуваат да скокнат во возилото за да го запрат.– Возачот заборавил да ја повлече рачната сопирачка – според еден извештај.Полицијата започна прелиминарна истрага за инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи: