Доколку амбасадорите претходно дадат „зелено светло“, таа одлука денеска би ја потврдиле министрите, а потоа и лидерите на ЕУ на 15 декември на нивниот самит.
Вчера претставниците на ЕУ не можеа да кажат дали Унијата ќе ја донесе оваа одлука за БиХ и дали некои земји-членки на ЕУ се уште се колебаат.
Според европскиот портал Еурактив, неколку земји членки го поддржале кандидатскиот статус за БиХ, а противници се Франција, Холандија и донекаде Германија, но Хаг, како што се наведува, денеска нема да се спротивстави на одлуката.
БиХ аплицираше за членство во ЕУ во 2016 година, а во октомври Европската комисија препорача земјите-членки да и дадат кандидатски статус на БиХ, но со листа од осум услови кои земјата мора да ги исполни во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.