„Тоа за нив што сега изгледа дека е слаб резултат, за изборите би бил нешто, што да можат да го вратат времето би го посакувале. Како најслаб резултат е околу 200 илјади гласа на СДСМ, но мислам дека овој пат ќе одат многу подоле“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Коментирајќи ја денешната објава на Арбен Таравари, актуелниот лидер на Алијанса за Албанците дека ќе биде претседателски кандидат на опозициките партии на Албанците, здружени во коалицијата „Европски сојуз за промени“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 21 рече дека тоа ќе биде провокација за Демократската унија за интеграција (ДИУ) за да и тие профилираат свој претседателски кандидат.
„Добро е и здраво за демократијата во Македонија да има повеќе кандидати за претседател во првиот круг. Нормално природно е во вториот да останат само двајца. Така граѓаните ќе имаат повеќе можност, да изберат, да излезат, да слушнат политичка порака. Ценам дека со кандидатураната на Арбен Таравари ќе биде испровоцирана Демократската унија за интеграција (ДИУ), па ќе мора и тие ќе мора да профилираат свој претседателски кандидат, што е добро“,
рече тој.
На прашањето кој противкандидат од СДСМ би им одговарал на ВМРО-ДПМНЕ во трката за претседател, Мицкоски вели дека изминатиот период од владејачката партија секојдневно стигале чудни, но и различни информации. Сепак, посочува дека на овие избори СДСМ ќе освои помалку од 200 илјади гласа.
„Од СДСМ стигаат некои чудни информации, тонови, различни, во зависност од времето во денот, наутро една, попладне друга, навечер трета информација. Претседателот на СДСМ на различни места кажува различни информации. Последната која што ја добив е дека на едно место пред некој ден кажал дека Радмила Шекеринска сега ќе била кандидат за претседател. Имајќи во предвид дека таа како претседател на СДСМ го има досега убедливо најслабиот изборен резултат што го имала СДСМ. Тоа за нив што сега изгледа дека е слаб резултат, за изборите би бил нешто што да можат да го вратат времето би го посакувале. Како најслаб резултат е околу 200 илјади гласа на СДСМ, но мислам дека овој пат ќе одат многу подоле“,
вели Мицкоски.
Пред неколку дена Мицкоски на прашањето за претседателски кандидат рече дека се уште е отворен огласот и сите кои ќе ги исполнат условите и до 21 февруари се пријават, ќе бидат дел од Конвенцијата за претседателски кандидат кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, а со самото тоа, како што посочи, и иден претседател на Македонија.