Универзитетската професорка Тања Каракамишева во гостувањето на ТВ “Алфа“ рече дека не верува
дека заедно со претседателските избори ќе има предвремени парламентарни. Според неа ситуацијата и во СДСМ и во ДУИ не е таква за да одат на предвремени парламентарни избори, и додаде дека тие сега ќе одат на опција да се почека поканата за НАТО од страна на оваа власт, а не да се оди на избори заедно со претседателските. Доколку има само претседателски избори кои ќе ги спроведува оваа власт, тоа “ќе биде класично полнење на кутии, се ќе биде на криминална основа“, смета таа.
“Ако има само претседателски избори тие ќе бидат класичен фалсификат. Не верувам во успех на претседателски избори. Затоа на Македонија и се потребни претседателски избори, а заедно со нив и предвремени парламентарни избори“, рече Каракамишева.