Професорката Тања Каракамишева денес била на информативен разговор во полициска станица, бидејќи била пријавена за ширење на говор на омраза. Таа на својот Фејсбук профил објави дека е под сомнение дека шири расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
„Само што излегов од полициска станица Центар.
Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Пријавена сум од ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ по чл. 319 од КЗ “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа”.
Фејсбук статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите.
И јасно е се!
Политичкиот прогон го пуштаат на максимум. Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата! Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото!
Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашите! Борбата почна, нема враќање!, напиша Каракамишева на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.