Каракачанов со критики за меѓусекторската комисија за Гоце Делчев

Красимир Каракачанов, лидер на ВМРО и вицепремиер на Бугарија, ја критикуваше меѓусекторската комисија која треба да ги расчисти историските и образовните прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Како што пренесува бугарски „Дневник“ според Каракачанов македонските политичари сугерирале комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија.
Каракачанов вели дека како датум за заедничка прослава се предлага 7 октомври, денот кога коските на Гоце Делчев биле предадени од страна на комунистичките власти во Софија на Скопје. Двајцата копретседатели на комисијата, проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров, на 7 јуни објавија дека има „одредени места” во историјата на Гоце Делчев, за кои се согласуваат, но и такви за кои не се согласуваат. Темата ќе се дискутира во септември на состанокот на комисијата кој ќе се одржи во Софија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.