недела, 29 ноември 2026
Најново

Каракачанов ќе гласа против членство на Македонија во НАТО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ “Нова“ изјави дека ќе гласа против членстото на Македонија во НАТО, пренесе “Нетпрес“.
-Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО. Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка, заклучи Каракачанов.

Поврзани вести