Заводот за третман на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, по повод Светскиот ден на срцето кој годинава се одбележува под мотото „И моето срце, и твоето срце“, синоќа целосно беше осветлен во црвено. На овој начин вработените од установата сакаа да испратат порака за подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето.
– Светската здравствена организација годинава излезе со број од 17,5 милиони смртни случаи што настанале како последица на кардиоваскуларни заболувања. Па, затоа пораката која годинава е всушност прашање – е што може секој од нас како поединец да направи и сите ние што можеме да направиме во превенција на срцевите заболувања и здравјето? Одговорот ќе го најдеме преку лична едукација на пациентите и населението за препознавање на симптомите и начинот на живот кој не создава ризици по здравјето на срцето, вели Елена Коваческа Башуроска, директорот на Заводот.
Лекарскиот тим на пациентите им делеше брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања имајќи во вид дека кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.