Кардиф сити му ја исплати првата рата на францускиот прволигаш Нант за трансфер на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој загина при пад на авион пред неколку години.
Аргентинецот настрада во јануари 2019 година, кога патуваше од Франција кон Кардиф, а потоа почна целата драма за парите.
Иако Кардиф тврдеше дека Сала не бил нивни фудбалер кога настрадал и одбија да платат 15 милиони евра, сепак Аргентинецот веќе бил во Велс и ги поминал медицинските прегледи по што потпишал договор, но се вратил во Франција за да се збогува со поранешните соиграчи.