КАРИЛ доби нов апарат вреден 70.000 евра

Министерството за здравство набави нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, вреден 70 илјади евра, наменет за пациентите кои се лекуваат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Со овој апарат, анестезиолозите ќе можат полесно да интубираат пациенти кои се хоспитализирани на оваа Клиника и се во ризик.
Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска, вели дека досега овие зафати се правени механички со директна визуализација, а отсега тоа ќе се работи со овој порт кој има мала камера и екран, кој на анестезилогот и неговиот тим ќе им овозможат комплетен увид како се прави зафатот.
„Оваа платформа е многу важна за лекарите, но и за пациентите на кој треба да им се се поставуваат тубуси. Поставувањето на тубусите е неопходно за сите пациенти врз кои се врши некој посериозен зафат. Ова е навистина голема придобивка за сите, многу вреден апарат“, вели д-р Мојсова Мијовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.