Карлеуша бесна: ДО КОГА САМО ЈАС ЌЕ ЈАДАМ Г*МНА

Јелена Карлеуша повторно ја отвори темата дека музичарите не работат цела година поради пандемија и немаат приходи.
Јелена е лута поради моменталната состојба, но им замерува и на своите колеги, големите sвезди, кои молчат за помалку популарните колеги, кои работат за 50 евра и од тоа го издржуваат своето семејство.
– Да бидам искрена, можам да ви кажам дека големите музички sвезди не кажаа ниту еден збор за поддршка на важни членови на нашиот бизнис, а тоа се музичарите, оние кои работат за 50 евра цела ноќ и ги хранат своите семејства – започна Јелена.
– Разбирам дека sвездите имаат многу пари, затоа немаат образ да се жалат, бидејќи би било лицемерно, но и оние кои не се sвезди, немаат ниту еден динар веќе една година – напиша пејачката.
Тие се дел од луѓето кои се најмногу погодени од ситуацијата! Зошто секогаш јадам г*мна и се фрлам во оган додека сите молчат? До кога јас ќе бидам единствена? За што ми треба? Јадете сите бре! – заклучи Карлеуша.
Да потсетиме, Јелена последните денови јавно ги поддржуваше музичарите кои не работат поради пандемијата и апелира нивниот прблем да се реши што е можно побрзо.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.