Пејачката Јелена Карлеуша овој викенд настапуваше во Охрид, каде пристигна со својот приватен авион. Беше воодушевена од убавината на Охридското езеро.
И за оваа пригода, нејзиниот стајлинг беше за чиста 10-ка, како што се и очекува од една модна икона.
Во Македонија пристигна со тесни панталони во крем боја, искомбинирани со нежен топ со светло сина боја кои изгледаа одлично надополнети со одличните високи потпетици, и секако очилата за сонце.
Тренди марамата и чантата се потпишани од брендот Луј Витон.
Пејачката исто така големо внимание привлече и при нејзиното заминување од земјава, особено откако сподели фотографија на која се вози во ултра луксузен автомобил.
За сега не е познато чиј е џипот од марката „Мерцедес“ и дали пејачката го рентала или имала приватен шофер во текот на престојот во Охрид.
Покрај тоа Карлеуша објави и дека Охрид е вистински рај под заштита на Унеско, погледнете.