Домот на пејачката Јелена Карлеуша денеска е завиен во црно откако вчера ненадејно по тешката борба со болеста почина нејзината мајка- познатата радио водителка Дивна Карлеуша.
Дивна беше пронајдена во својот стан, додека Јелена беше на настап во Австрија, а таа за веста дозна откако слетала во Белград.
Прва која дојде да биде покрај пејачката вчера беше нејзината другарка Јована Дакиќ која не се одвојува од неа во овие тешки моменти.
Српските медиуми пишуваат и за сликата која ја затекнале пред домот на Карлеуша.
Имено пејачката ги спуштила ролетните, а пријателите и роднините пристигнуваат на секоја минута за да се опростат од Дивна.