За некои Јелена Карлеуша е модна икона. Нејзините фотографии и видеа на социјалните мрежи привлекуваат големо внимание, а за нејзините парчиња гардероба на големо се зборува.Светските фаци ги лајкнуваат, коментираат и копираат речиси сите нејзини фотографии, а сега најпознатата веб-страница „Али експрес“ ги искористи фотографиите на пејачката за рекламирање очила.На споменатиот сајт има претежно лажни работи, но изгледа дека многу им се допаднало како српската ѕвезда носи оригинални очила, па фотографиите и’ ги искористиле за рекламата.На социјалните мрежи љубителите на ликот и делото на пејачката беа изненадени, па имаше коментари од типот: „Дали е можно нејзината слика да завршила на светската веб-страница поради продажба на лажни работи“, „Дали само јас или Карлеуша рекламира луксузни очила на Али експрес“ до „Но Јелена никогаш не би носела фејк очила“, „Ова е за тужба“. „А што ќе се случи кога ќе дознае“ и многу други.Да потсетиме, српската ѕвезда пред неколку месеци доби специјална покана од дизајнерот на еден од најпрестижните модни брендови Vetements, кој во последните години стана незаменлив дел од гардеробата на стилските икони како Ријана, Канје Вест, Сем Смит и кои беа одговорни и за костимите на поп-кралицата Мадона на нејзината последна турнеја.
Пронајдете не на следниве мрежи: