Карлеуша испрати жестока порака до Хрватите пред финалето

Јелена Карлеуша, жена на српскиот репрезентативец Душко Тошиќ, испрати силна порака до репрезентативците на Хрватска пред финале на СП во Русија.
Фудбалерите во неколку наврати славеле успех на Мундијалот пеејќи песни на Марко Перковиќ-Томпсон, со што познатата пеачка најостро ги осудила. Таа ги замолила хрватските спортисти да се тргнат од привитимизмот.


“Поради подршката на народот во Србија, за Новак, и здрав разум и човечност, се надевам дека репрезентативците на Хрватска нема повеќе да ги пеат тие песни во кои се спомнуваат уништување на Србите. Доста беше привитимизам, омраза и неубаво минато. Спорт е спорт. Нашите спортисти по тоа прашање се ПРИМЕР ЗА СИТЕ”, напишала Карлеуша.
Хрватска во недела игра финален меч на Мундијалот во Русија против Франција во 17 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.