Карлеуша му прости на раперот, ги закопаа „воените секири“ и подготвуваат голем спектакл

Српската пејачка Јелена Карлеуша и Михајло Веруовиќ – Војаж, ги закопаа „воените секири“ и снимаат дует!

Поп ѕвездата на социјалните мрежи објави дека тие двајца ќе соработуваат на нејзиниот нов албум, а со тоа и потврди дека повеќе не се непријатели.

Пејачката на Инстаграм откри како ќе се вика нивната песна „11:11“ и го означи младиот пејач.
– Во нумерологијата овие броеви симболизираат нов почеток, креативност и иновација. Тие двајца подготвуваат дует кој ќе се најде на новиот албум на Јелена. Тоа ќе биде вистинско изненадување за нивните фанови, вели извор за српските медиуми.

Карлеуша му прости на раперот, ги закопаа „воените секири“ и подготвуваат голем спектакл

Најавата дека тие двајца ќе соработуваат многумина изненади, бидејќи Карлеуша на минатогодишниот настап на Војаж на фестивалот „Мјузик вик“ на Ушче жестоко го навредуваше
-Пет минути слава може да има секој, но да опстане може само оној кој вложува крв, пот, пари, срце, мозок, желба, труд и волја. Сите заедно да се соберете, не сте една вистинска ѕвезда која сјае. Особено ми пречеше едно мало ѓубре кое ладно рече дека тешко го поднесува притисокот на славата и дека постигнал се што може да се постигне. Не знам ни како се вика, но слушнав дека тонот во газот не може да боде! Дури ни мама нема да ѝ го знае името до Нова година – рекла тогаш Јелена, а Војаж не сакал да влезе во „војна“ со неа.

– Не мислам дека алудира на мене. Жал ми е ако тоа го мисли со оглед на тоа дека таа е икона на нашата естрада, од стил до шоу-бизнис.
– Спомнатите траат колку тие инстант песни. Верувам дека ниту еден од нив нема да постои за три месеци. Мислам дека мене не ми требаат песните да бидам најактуелна, најплатена и најследена. Може да се наречат мои колеги, но оваа работа ја работат на аматерски начин. Затоа траат многу кратко, ги снемува и треба да пуштат песни на три, пет, седум дена.
Карлеуша очигледно во меѓувреме се предомислила, па решила да сними заедничка песна со Војаж. Како што дознаваат српските медиуми, премиерата на нивниот дует ќе биде во мај!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.