Карлеуша направила скандал и на снимањето на “Ѕвездите на Гранд“

По едно откажување на снимањето Јелена Карлеуша, како голем професиналец, на време стигна на презакажаниот термин на “Ѕвездите на Гранд“, каде е член на жирито и ментор на натпреварувачите. Секоја чест за професионалноста, но тоа што веднаш успеала да направи и проблем, баш и не за честитање.
“Тргни ја од мене оваа будала. Не сакам да седам покрај Ѓуришиќ, тоа не е добро за моето ментално здравје“, му се развикала таа на Саша Поповиќ.
Имајќи ги во предвид сериозните проблеми со кои таа се соочува веќе трета седмица, тој се обидел да ја смири ситуацијата толерирајќи ја нејзината нервоза, која цело време се чувствувала. Недоразбирањата со Снежана Ѓуришиќ започнале на едно од снимањата кога Јелена и се развикала на учесничка во натпреварувањето:
– Срам да ти е, навистина срам да тие, срами се.
Снежана Ѓуришиќ јавно негодувала со зборовите “Зошто Јелена така зборуваш, девојката нема причина да се срами“. Но, Јелена не се откажала и продолжила со истите навреди, повторувајќи: Е, па срам да ти е“. Се обидел да се вмеша и Саша Поповиќ, но од Јелена не успел да дојде до збор. Таа и понатаму продолжила во истиот стил со зборовите: “Дали нам ни е лесно, кој ни прогледува низ прсти, кој не штеди?! Нас, бре не распнуваат“ викала колку што ја држи гласот, очигледно алудирајќи на бројните написи за нејзиниот сексуален скандал, кои секојдневно ги полнат весниците и порталите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.