Српска пејачка Јелена Карлеуша се пофали дека од сопругот фудбалер Душко Тошиќ добила вила во Белград вредна 2,5 милиони евра.
Популарната Џеј Кеј редовно истакнува дека има убав и успешен маж, сега се пофали и со неговата дарежливост.
-Купивме убава куќа: наскоро ќе се преселиме во неа, ја средуваме, треба да ни стигне мебелот од странство. Јас сум му многу благодарна на сопругот Душко, бидејќи се што некогаш сум заработила сум го потрошила на „крпи“, семејството, пријателите и сум го вложила во кариерата. Да е до мене, ние би живееле во еден голем гардеробер би продавале чевли и би ги палеле чевлите во некое каминче да се грееме, раскажала низ шега Јелена Карлеуша.
Русокосата пејачка вели дека сопругот Душко паметно ги вложува парите во недвижнини.
Инаку јавноста неодамна ја нападна Јелена поради фотографии на кој популарната пејачка на шега со шал од лажни пари се шета по улиц