Јелена Карлеуша е позната по нејзините остри, но и духовити изјави. Така утрово на Инстаграм се наврати на Ѕвездите на Гранд, музичко натпреварување во кое со години учествуваше како член на жирито и во свој стил ја предвиде иднината на сегашните членови.
Меѓу другото, Карлеуша предвиде дека Саша Поповиќ ќе се пресели во Опатија, дека Ана Бекута ќе ја продолжи својата блескава кариера…
Највпечатлив дел секако е делот што се однесува на Марија Шерифовиќ, која според нејзината колешка ќе роди бебе.
Поп-ѕвездата во ноември го прослави својот 38 роденден, а се почесто, дури и јавно зборува за нејзината најголема желба да има дете.
– Ова прашање е многу интимно, особено во овој случај. Со нетрпение го чекам тој момент, кој веројатно се ближи. Генерално, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу испланиран начин, кога ќе бидам подготвена да му ја подадам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам – откри неодамна пејачката гостувајќи во една телевизиска емисија.
Неодамна Марија одговараше на праѓања од своите фанови, па така на прашањето дали сонува да стапи во брак, изненадувачки одговори потврдно, а на прашањето дали има дечко, таа исто така даде потврден одговор.
– Па секако, јас сум сигурна дека мојата свадба ќе биде или традиционална или ќе биде плажа и ќе се служи коктел. И така, јас ќе потпишам пресуда за себе.
Извор близок на пејачката за Свет откри дека Марија решила да оди на ин витро оплодување.
– Чекаше да ја најде вистинската личност со која ќе одгледа дете, но бидејќи тоа не се случи, а веќе има 38години, реши да биде самохрана мајка. Животната желба на Марија е да има дете и тоа ќе се случи наскоро, таа ќе избере донатор и ќе се обиде во процесот на ин витро оплодување. Решила да живее со Верица, која ќе и помогне околу детето. Верица едвај чека да стане баба – вели извор близок до пејачката.
Сепак, пејачката се уште не се огласила во јавноста на тема ин витро оплодување.