Јелена Карлеуша дошла на снимањето на новата емисија на Ѕвездите на Гранд. Смуртена, во тенок зелен фустан и чизми по кои има нацртано долари.
И повторно по пристигнувањето на автомобилот до студиото, таа набрзина протрчала крај новинарите, недостапна за прашања и влетала во студиото на Гранд.
Сепак она што сите успеаја да го фатат, по нејзиното излегување од автомобилот е екранот на нејзиниот мобилен телефон на кој е фотографијата на Душко Тошиќ.
Во прашање е фотографијата направена оној ден кога Јелена имала конференција за печат по повод дочекот на 2019 година.