Уште една трагедија во музичкиот свет, остави зад себе молк и огромна тага. Иако се бореше до последен миг, Оливер Драгојевиќ ја изгуби битката со ракот на белите дробови.
Смртта на големиот музичар Оливер Драгојевиќ ги изненади и неговите многубројни колеги кои од легендата се простија со трогателни зборови. Една од нив е и познатата пејачка Јелена Карлеуша која на свој начин откри како се бори со тагата.
Uvek sam smatrala da je smisao nasih zivota da ostavimo trag i da nas ne zaborave…
Tome citavog zivota tezim i verovatno nikada necu uspeti…
Ali ovaj covek je to uspeo. Vredelo je ziveti za ovaj trag u beskraju Olivere. Sada mirno…https://t.co/4mIh0K6k7h#OliverDragojević— JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) July 29, 2018
Имено, Јелена призна дека отсекогаш му се воодушевувала на големиот музичар. Таа со песната „Тешко те заборавам“, се прости од големата ѕвезда и со зборовите:
„Секогаш сметав дека смислата на нашите животи е да оставиме трага и да не не заборават…
Кон тоа тежнеам целиот живот и веројатно никогаш нема да успеам…
Но овој човек успеа во тоа. Вредеше да се живее за оваа трага во бескрајот Оливер. Сега мирно…“
Карлеуша апелираше и на фактот дека е потребно да се сврти вниманието на јавноста за оваа опасна болест од која секоја година умираат се повеќе и повеќе луѓе.