Што давате, тоа добивате. Што земате, ќе ви биде одземено. Таков е законот на Кармата. Кармата претставува еден вид духовен долг или кредит кој се акумулира, за подоцна да го наплати долгот кои го имаме од минатото. Всушност кармата е компензација за направените постапките. Ако одлучите да им помогнете на луѓето на кои им е потребна вашата помош тоа ќе ви донесе позитивна карма и обратно.
Законот на кармата многу често може погрешно да се протолкува. Некои личности не го прифаќаат затоа што не го разбираат доволно. Целта на негативната карма е да го разбереме она што всушност би го занемариле правејќи лоши постапки. Тоа всушност служи да ја научиме лекцијата поради која сме имале негативни искуства во животот. Многумина би ја разбрале кармата како соочување со некое болно искуство, меѓутоа поентата е да се научи лекцијата. Кога ќе научиме дека лошите дела, негативните мисли, омразата и слични негативни емоции неможат да донесат ништо добро, едноставно треба да се обидеме да ги замениме со добри чуства за да не прати добрата карма.
Кармата започнува и завршува со избор. Ние сме тие кои ја имаме волшебната четка во раце,која ни служи да ја обоиме нашата душа со светли или темни тонови. Понекогаш носиме погрешен избор, кои е потребно да го промениме за да престане да се наталожува лошата карма и да се спречи натамошната штета. Ако не постои избор, не постои карма. Ако некој е принуден против своја желба да наштети на некој, тој добива мала карма или воопшто не ја добива(освен грижата на совест која би ја носел, поради стореното дело.) Соодветен пример се војните, доколку војниците го убијат непријателот во ситуација ”Живот или смрт”, убиле човек и тоа сепак е грешно меѓутоа носи помала карма, отколку да го го убијат соседот кој што не им нанесува никакво зло. Меѓутоа доколку добороволно сте се пријавиле во војска, тоа треба да ве научи дека во иднина(или иден живот)би требало помудро да ги донесувате одлуките.
Акумулираната карма во еден живот, може да се пренесе во наредниот. Некое лошо искуство кое го имаме во сегашниот живот, може да биде последица на донесениот избор во изминатиот живот. Тоа секако дека создава револт кај луѓето, бидејќи никој не би сакал да ги сноси последиците или да биде казнет поради нешто за што и не се сеќава. Тоа би било како затворска казна за злосторство за кое не ни знаеме.
Од една страна, тоа што не се сеќаваме на прошлиот живот, претставува голема веројатност да ги повторуваме истите грешки. Од друга страна, кармичките лекции се самоодржливи и не е потребно да се разбере она што ги предизвикало. Учењето на ваковиот начин, овозможува учење на душата а не само механички аспекти на мозокот. Сепак, душата може да направи многу подобро отколку да се потпирате само на меморија или програмирани инстинкти.
Познавањето на законот на кармата е важен поради неколку причини. Прво, не предупредува да бидеме претпазливи при донесувањето на избор, одлука и постапките кои ги правиме, знаејќи дека за се има последици кои порано или подоцна ќе се манифестираат. Како вие дејствувате на светот и околината сега, одредува како светот ке делува на вас подоцна. Второ, ви овозможува да ја согледате моменталната состојба во која се наоѓате и да го прифатите она што неможете да го промените. И трето, може да се спречат идните негативни последици, правејќи добри дела.
Извор: “Рубне знање за почетнике”Што давате, тоа добивате. Што земате, ќе ви биде одземено. Таков е законот на Кармата. Кармата претста