Карпошани се обраќаат до градоначалникот Богоев Свадба направи,фати се за работа!

Карпошани се обраќаат до градоначалникот Богоев Свадба направи,фати се за работа!
Депонија кај салата Борис Трајковски секојдневно добива полош и полош изглед.Смрдеата веќе се чуствува од далеку. Дивата депонија ќе се расчисти,ќе се градат спортски терени ,оваа депонија ќе биде минато се само дел од најавите кои им беа презентирани на граѓаните во екот на политичките трки за избори. Годините поминаа, руглото остана. Купишта шут расфрлан,парчиња стар мебел, шишиња ,измет од животни,штици ,вреќи со отпадоци сето тоа се наога расфрлано насекаде обраснато со висока трева. Депонијата станува уште поопасна во зимскиот период кога Ромите палат огнови со што дополнително се загадува воздухот во Карпош ,како да не е , и веќе над границите на дозволеното дури и по неколку пати и во летниот период.Редовното чистење беше ветено од актуелниот Градоначалник Стефан Богоев и Карпошани го повикуваат на одговорност и да ги сработи ветените проекти со кои ја бараше довербата на локалните избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.