Карта на „голема Албанија” во основно училиште во Струга

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на ООУ ,,Браќа Миладиновци”. На слики од Голема Албанија се фотографираат наставниците покрај децата, што претставува отворен сепарационизам и понижување на македонскиот народ, велат од политичката партија Левица.

Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава
Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се повредени …
Потпретседателката на Филипини јавно се закани дека ќе организира убиство на претседателот
Потпретседателката на Филипини, Сара Дутерте денеска изјави дека нарачала убиство на претседателот Фердинанд Маркос помладиот, на неговата сопруга и на претседателот на Претставничкиот дом, доколку таа биде убиена.Таа повеќе пати повтори …

„Од фотографиите кои ги доби Левица, евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, ВД директор е ЛАУРА ШАТЕ, за која постојат сомневања дека е незаконски назначена од страна на Рамиз Мерко.

Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ. Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на иредентистичките слики. Левица ќе поднесе и Претставка до Државниот просветен инспекторат, со цел да се санкционира ваквото скандалозно однесување, како и да се испита постапката на кој начин е поставена ВД директорката. На анти-македонското дивеење на ДУИ мора да му дојде крај!“, додаваат од партијата во допис до медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.