Картес најверојатен победник на претседателските избори во Парагвај

Кандидатот на партијата Колоради, Хорасио Картес победил во неделата со големо мнозинство гласови претседателските избори во Парагвај, покажаа резултатите од две излезни анкети.

Педесет ишестгодишниот Хорасио Картес, еден од најбогатите луѓе во ПАрагвах, победил освојувајќи 50,8 отсто од гласовите на зибирачите, додека кандидатот на Либералната партија, 50-годишниот Ефраин Алегре освоил 37 отсто од гласовите, покажува излезната анкета на агенцијата First Analisis y Estudios. Според резултатите на излезната анкета на Институтот за комуникации, Картес освоил 53,5 отсто од гласовите, додека Алгре само 32,6 проценти.
Парагвајците, околу 3,5 милиони со право на глас, во неделата по локално време излегоа на гласање за да го изберат новиот претседател, но и на парламентарни избор. Сепак главната битка се водеше меѓу кралот на тутунот Хорасио Картес кој ја претставуваше традиционалната сила во Парагвај, партијата Колорадо која на власт беше повеќе од 60 години до 2008 година и адвокатот Ефраин Алегре Либерално-радикално автентичната партија (PLRA).
Со овие избори всушност треба да се стави крај на политичката криза во Парагвај којашто избувна во 2012 година, откако поранешниот бискуп на Сан Педро, Фернандо Луго првиот претседател од левицата избран во 2008 година, остана во парламентот без својот главен сојузник, па десницата го собори од власта. Тој не можеше да се кандидира за втор мандат, но се кандидираше за месото сенатор на парламентарните избори кои се одвиваа во неделата паралелно со претседателските на кои учествуваа вкупно 27 политички партии, 18 движења и седум коалиции.
Двајцата фаворити, Картес и Алегре, изборната кампања ја водеа на противобвинувања. Алегре го обвинуваше ривалот за трговија со дроги и шверцување девизи додека Картес обвинуваше дека Алегре како министер за јавни работи до 2008 до 2011 година проневерил 25 милиони американски долари од министерството.
Во текот на кампањата Картес тврдеше дека тој најдобро ќе ги привлече странските вложувања и ќе ги подобри можностите на земјата чијашто економија се темели на производството на соја и е 4-ти извозник во светот. Економскиот раст е одржлив, меѓутоа Парагвај е длабоко поделен и сиромаштијата погаѓа 52 отсто од населението од кои 20 отсто живеат во крајна сиромаштија, а најмногу од нив се домородните индијанци.
Гласањето се одвиваше под мониторинг на набљудувачи на Сојузот на јужноамериканските нации UNASUR, Организацијата на американските земји ОЕА, Европската унија и Parlasur парламентот на Меркосус (јЈужноамериканскиот заеднички пазар). Според латиноамериканската телевизија Telesur, набљудувачите од UNASUR соопштиле са низа инциденти за време на гласањето, особено обиди за поткупување на гласачите и фактичкиот бојкот на кој беше подложена партијата Фронт Гуаси во неколку локални медиуми. Истовремено, претставниците на ОЕА за телевизијата соопштија дека изборите биле спроведени апсолутно нормално и во мирни услови.
Макфакс
Кандидатот на партијата Колоради, Хорасио Картес победил во неделата со големо мнозинство гласови претседателските изб

Пронајдете не на следниве мрежи: