Арбен Таравари ќе биде во владата уште некој ден, рече денеска градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Според него, во наредните денови ќе има конкретни активности од страна на премиерот во таа насока. Касами повтори дека во владата „нема место за оние кои соработуваат со ДУИ“.
На прашањето дали Таравари и натаму е министер за здравство, Касами одговори:
„Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови, но она што е важно и она што го кажавме, нема соработка со ДУИ и Владата. Ова го договоривме со премиерот и, се разбира, ќе има конкретни активности во наредните денови“.



