Касами најави ДВОЈАЗИЧНИ БАНКНОТИ: Гаши воведе двојазична комуникација во Собрание

„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците на македонски јазик, Африм Гаши денеска ги испраќа и на албански јазик до сите пратеници. Двојазична комуникација не постоеше во времето на Талат Џафери а сега има во времето на Африм Гаши“, истакна Биљал Касами во гостување на ТВ21.

Понатаму додаде дека и на државно ниво ќе се менуваат и други закони – спомнувајќи го Законот за Централна банка со кој, според него, ќе се овозможи употреба на албанскиот на банкнотите.

„Има неколку други закони кои подразбираат измените во законите да бидат во склад со законот за употреба на јазиците.
Кои закони?
Врз основа на Законот за централна банка. Ако ДУИ се гордее што го донесе Законот за јазици, а ја унапреди употребата на албанскиот јазик… Тогаш еден од Законите што мора да се смени е Законот за централна банка, кој предвидува дека и банкнотите на оваа земја ќе да бидат на албански јазик“, рече Касами.

Пронајдете не на следниве мрежи: