Лидерот на БЕСА, Билал Касами, не сака да седне на иста маса со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
„Ние како Беса воопшто немаме дилема во однос на политичките цели во корист на интересите на Албанците во Република Македонија од страна на премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама. Наша грижа е со целите и политичките трикови на ДУИ и Али Ахмети. Ние како Беса позитивно одговараме на поканата на премиерот Еди Рама, но немаме потреба и не гледаме за разумно да седиме на маса со ДУИ на Али Ахмети секогаш кога тој треба да се спаси“,изјави Фарук Авзиу, портпарол на Беса.
Средбата на лидерите на албанските партии од Македонија со албанскиот премиер Еди Рама е закажана за во вторник.
Повеќе за средбата може да прочитате на слениот линк: