Јас уште верувам дека има реални шанси ние да продолжиме заедно, затоа што ценам дека прво вредноста на секој од партиите, дел од „Влен“, е поголема како дел од коалицијата отколку кога би била надвор. Ние сме се обиделе порано, секој поединично, до го предизвикаме Али Ахмети и ДУИ и не сме успеале. Успеавме само кога станавме заедно. Ова во интервју за Радио слободна Европа (РСЕ) го изјави лидерот на БЕСА, една од партиите во коалицијата „Вреди“, Биљал Касами.
„Така да, се надевам дека ова ќе завладее кај секој член на оваа коалиција и на крај ќе излеземе со заеднички став дека тоа што беше целта за да бидеме заедно – и понатаму останува истата цел. ДУИ уште го нема дадено одговорот на 20 години коруптивно, криминално владеење со државата и непретставување на Албанците. Почна да дава отчет. Кога требаше тоа да продолжи, излезе и ова, јас ќе кажам како молња од ведро небо за нас особено, што некој имал контакт, имал комуникација и цени дека треба да се продолжи комуникацијата со Али Ахмети и со ДУИ“,
рече Касами.
На прашањето дали тој лично има комуникација со Али Ахмети, Касами негираше.
„Не. Значи, јас сум го кажал тоа неколку пати. Јас ценам дека Али Ахмети треба да одговара за тоа што им го направи на Албанците, за злоупотребата на позициите на неговите функционери, на неговите блиски членови на фамилијата. ДУИ треба длабоко да се реформира, па од после треба да видиме за можни канали на комуникација“,
вели Касами.
Повеќе тука
The post Касами: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот appeared first on 365.mk.