Господин во поодмината возрат, вработен во Волмарт добил можност да се пензионира откако еден љубезен клиент отворил GoFundMe профил за него – и собрал повеќе од 100.000 долари поради неговото видео објавено на TikTok.
Морнаричкиот ветеран Буч Мерион (82) работел 40 часа неделно како касиер во Волмарт во Камберленд, Мериленд..
Мекарти купувал батерии во продавницата каде што работел Буч.
Инспириран од жена која отворила GoFundMe за вработен во Волмарт со цел да му помогне да се пензионира пред време, одлучил да му помогне и на Буч.
„Само сакав да покренам нешто, а Господ го направи останатото“, рекол Мекарти.
Тој објави видео на TikTok од Марион кој напорно работел зад пултот и веднаш добил милиони прегледи.
МекКарти потоа организираше собирање средства на 18 декември, при што биле собрани 118.575 долари од преку 5.000 добронамерници ширум светот.
Објаснувајќи зошто го организирал собирањето средства, тиктокерот рече: „Пред некој ден пазарев во Walmart и ме чекаше 82-годишен старец по име Буч“.
„Како сопственик на бизнис и знаејќи колку е тешко да се обидам да најдам добра помош за мојот бизнис, бев инзненаен кога го видов овој кутар човек како сѐ уште работи“.
„Работеше во смени од 8 до 9 часа. Неодамна видов GoFundMe за 82-годишна дама која работи во Walmart на TikTok и видов дека собраа пари за таа да се пензионира засекогаш“
„Сакав да му помогнам на овој морнарички ветеран да го живее остатокот од неговите години патувајќи да ги види своите деца на Флорида.
И да ги прави работите што би сакал да ги прави, а можеби нема да може од финансиски причини“.