Катаклизма во грчкиот туризам – од 544 ”паднаа” на 7 милиони евра заработка

Намалувањетона транспортниот суфицит најмногу се должи на падот на нето приходот за 15.5 отсто, воглавно од услугите на морскиот сообраќај. Грчките приходи од туризмот паднаа на 7 милиони евра во месец април, во споредба со фантастичните 544 милиони евра во истиот овој период, минатата година, соопштила Централната банка на Грција.
Како што било наведено, високиот биланс на услугите драстично се намалил, што е одраз на остро влошениот биланс на патувања и превоз.
Конкретно, суфицитот на патниот биланс стигнал речиси до нулата, бидејќи доаѓањето на странски државјани, како и приходот од нив опаднал за 96.2 отсто, а уплатата за патувања за 99.2 отсто.
Податоците од грчката Централна банка покажуваат дефицит од 1.133 милијарди евра, во однос на дефицит од 1.397 милијарди евра од минатата година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.