Катица уловена на граница при влез во Македонија?

На социјалните мрежи се појавија фотографии од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кои се тврди дека се направени при влез на Јанева од Грција кон Македонија, на граничниот премин кај Дојран.
Инаку, Јанева е еден од централните протагонисти во случајот “Рекет“, со оглед дека, според италијанска “Ла Верита“, нејзиниот глас се појавува во рамки на разговорите меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев, кои договараат исплата на пари за привилегии во предметот на СЈО “Империја“.
По обелоденувањето на аферата, Јанева не беше осомничена, па замина на одмор на Грција, што предизвика низа критики кај стручната јавност, од причина што постојат индиции дека може да влијае врз доказите и постапката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK