Законот ѝ дозволува на Јанева да поднесе тужба за разгледување на одлуката за разрешување и да бара соодветен надомест доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин, рече адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во интервју за „ТВ21“.
„Но, прво треба да ја примиме одлуката, па ќе видиме како ќе постапиме. Ние сме во фаза на припремења на барањето за укинување на мерката притвор. Најдоцна до денеска ќе го пуштиме барањето, ќе бараме да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“, вели Фрчкоска.
Катица Јанева е разрешена од позицијата јавен обвинител.