Катица Јанева и денес куртули, Собранието одби да ја разреши 

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Собранието денеска да гласа за разрешување на приведената специјална обвинителка во оставка Катица Јанева не помина. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи прва точка на дневен ред да биде разрешувањето на Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители, специјалната обвинителка да биде разрешена. Мнозинството на СДСМ и ДУИ со 58 гласа го одби предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицевски рече дека власта свесно го избегнува разрешувањето на Јанева бидејќи ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува нејзиниот мандат. Според Мицевски ова е јасна порака дека власта се става во одбрана и заштита на Kатица Јанева.
Талат Џафери во процедурална забелешка потенцираше дека нема никаква правна пречка разрешувањето на Јанева да се најде на денешната седница, порачувајќи дека таа точка не ја ставил на дневен ред проади тоа што имало начелен договор меѓу партиите разрешувањето на Јанева да оди на посебна седница, без да прецизира дали воопшто има време таа да се закаже пред 15 септември.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: