Катица Јанева „маскирана“ и со полициска придружба донесена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева со полициска придружба беше донесена од истражниот затвор во Шутка во станот на нејзиниот син, Лазар Јанев каде што ќе биде во домашен притвор.
Катица Јанева оди во куќен притвор откако денеска вака одлучи скопскиот апелационен суд, по жалбата на Јанева.


Инаку, таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор но без гаранцијата. Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.