Катица Јанева побара апанажа

Поранешната шефица на СЈО и обвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата побарала апанажа, рече на почетокот на седницата претседателот на комисијата, Илија Димовски, додавајќи дека Јанева го доставила барањето преку нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска.
Се работи за едногодишна исплата која им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.
Димовски кажа дека на наредната седница членовите на Комисијата ќе треба да се произнесат за апанажата на Јанева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.