Кафе со вотка

Овој коктел од кафе со вотка е повеќе од класичен коктел. Совршената комбинација од вотка, ликер од кафе и млеко со мирис на ванила е вкус кој може да се сервира во било кое време од годината.
Викенд коктел: Кафе со вотка
Потребни состојки:
1 лажица топла вода
1 лажица инстант кафе
1 лажица мед или шеќер или по вкус
70 милилитри вотка
2 до 3 лажици ликер од кафе или рум
2 до 4 лажици млеко по избор
1/4 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Комбинирајте ја топлата вода, инстант кафето и медот во еден сад. Мешајте со миксер за 2 до 3 минути. Можете и без миксер, но тогаш ќе ви треба повеќе време. Треба да добиете мека смеса.
Наполнете една чаша со мраз. Додајте ја вотката, ликерот од кафе и екстракт од ванила. Додајте го млекото и промешајте. Додадете ја смесата од инстант кафето и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.