Кафулињата и угостителите да работат до 21 часот

Кафулињата и угостителите да работат до 21 часот

Ќе се скрати работата на кафаните за 2 часа, нова кризна мерка во обид да се сузбие ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ.

Скратувањето на работното време за два часа е на предлог на Комисијата за заразни болести, кој денеска е разгледан и усвоен и од владиниот кризен штаб.

Веќе утре предлогот ќе се најде на владина седница и се очекува без проблеми да биде усвоен. Инаку во цела Европа забрзано се воведуваат ригорозни мерки, поради брзото ширење на вирусот.