Монахот Николај Стаматовиќ е ослободен, а неговиот лаптоп, во кој наводно постои порнографски филм, е запленет од страна на полицијата.
Да се потсетиме, ова е монах во манастир во етно-село „Станишиќ“ во близина на Бјелина, кој беше уапсен пред два дена во Белград бидејќи Бојан Јовановиќ за 100.000 евра се обидел да го продаде филмот од час и половина, во која, според адвокатот Душко Томиќ, епископот Василиј Kaчавенда има сексуален однос со четири момчиња.
Бојан Јовановиќ ги испратил и смс пораките кои отец Николај му ги праќал ,договарајќи состанок за продажба на филмот. Јовановиќ за се ова го информирал адвокатот Томиќ, на што тој му одговорил да закаже состанок и да го разгледат видеото да не станува збор за некоја монтажа.
Отец Николај и уште една личност се упатиле во Белград каде пред Јовановиќ, Томиќ го покажале филмот. Еден дел од филмот е снимен во дворот на владиката, а другиот дел во неговиот стан во Белград.
„Во филмот епископот Качавенда орални и анално задоволува четири момчиња, како и они него. После сексуалниот чин, како што се гледа на видеото, сите заедно се тушираа.Една од снимките е направена на 27 јануари 2007 година“, вели Томиќ.
Тој отпатувал во Белград за да даде изјава во полицијата за овие случувања. Потврдил дека информациите за овој случај се точни, но не сакал да открива повеќе детали пред да даде официјална изјава на полицијата, за да не наштети на истрагата. Монахот Николај Стаматовиќ е ослободен, а неговиот лаптоп, во кој наводно постои порнографски филм, е запленет о