Каша која спасува живот – ги чисти крвните садови и спречува дебелеење

Станува збор за хељдата, а постојат најмалку 7 причини зошто треба да ја сместите оваа житарица во својата исхрана.
Што сè може да излечи хељдата:
Лекување на вируси и заразни болести
Кашата од хељда, лекарите одамна започнаа да ја препишуваат на пациентите кои патат од настинки. Тоа се случува поради позитивното влијание на рутинот. Рутинот е супстанца која ги обновува крвните садови, па затоа хељдата е одамна позната во медицината.
Ја подобрува состојбата на крвните садови
Рутинот е толку добар во зајакнување на крвните садови што фармацевтската индустрија го користи при правењето на лекови. Хељдата е особено корисна за лицата кои патат од дијабетес, а кашата од хељда помага при лекување на хемороиди, проширени вени и срцеви и венски патологии.
Лекува анемија условена од недостаток на железо
Кога недостасува хемоглобин во крвта, тоа значи дека вашите клетки гладуваат. Хељдата е богата со железо па затоа се препорачува кај луѓто кои страдаат од анемија.


Помош во губење на килограмите
Одамна е познато дека хељдата се користи како главен производ за слабеење кај строгите диети. Хељдата е исклучително калорична и здрава намирница, а доколку сте на диета, кашата од хељда е нешто што би требало да го појадувате секој ден.
Совршена исхрана за трудници
Хељдата има високо ниво на фолна киселина која е особено неопходна за здравјето на идните мајки и бебиња бидејќи поттикнува создавање на крв и го прави организмот поотпорен на штетните влијанија од опкружувањето.
Спречува радиоактивно зрачење
Хељдата содржи голема количина на калиум, фолна киселина и останати елементи во траги кои ги отстрануваат радионуклидите од телото, го блокираат јонизирачкото зрачење и ги спречуваат ефектите од штетните природни фактори.
Превенција од рак
Експертите велат дека хељдата може да спречи развој на малигни болести. Рамнотежата и корисноста на хемискиот состав ја прават хељдата една од најпрепорачуваните намирници во борбата против рак.
Рецепт за каша од хељда
Потребни состојки: вода, сол, брашно од хељда
Начин на припрема: ставете вода во еден сад, додадете малку сол и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го од шпоретот и додадете го хељдиното брашно. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Во ваквата каша можете да додадете сирење, кајмак, јогурт, останати семиња (ореви, семки од тиква, семки од сончоглед) или можете да направите слатка каша од мед, суво грозје итн.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.