Кајзерслаутерн во финалето на Купот на Германија



Фудбалерите на Кајзерслаутерн се првите финалисти на овосезонското издание на Купот на Германија, откако во полуфиналето го совладаа третолигашот Саарбрикен со 2:0 (0:0). Стрелци за Кајзерслаутерн беа Ритер во 53 и Туре во 75 минута.

Екипата на Кајзерслаутерн, која сезонава се бори за опстанок во втората лига, ќе има можност да го освои трофејот на 25-ти мај, кога ќе има подобар противник од второто полуфинале на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, во кое во среда водечкиот во Бундеслигата Баер Леверкузен ќе биде домаќин на уште еден второлигаш Фортуна од Дизелдорф.

Кајзерслаутерн досега двапати го освојуваше Купот на Германија, првиот пат во 1990 година, а вториот во 1996 година, додека последен пат во финалето играл во 2003 година, кога беше поразен од минхенски Баерн.

За Саарбрикен, кој во претходната фаза од натпреварувањето ги елиоминираше Баерн, Ајнтрахт од Франкфурт и Борусија од Менхенгладбах, тимот од дното на втората лига беше толку кобен во Купот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: