Кај Врњачка бања воз удри во автомобил

Само три дена по страшната несреќа во близина на Ниш во која загинаа пет лица, кога воз удри во автомобил на железнички премин, во соседна Србија се случи нова железничка несреќа. Утрово воз удрил во автомобил кој минувал преку железнички премин на излезот на Врњачка бања во правец кон Крушевац, пренесува Тањуг.
Несреќата се случила на излезот на Врњачка бања кога на премин обезбеден со рампа воз удрил во автомобил. Возачот, најверојатно, не го забележал возот, а дали рампата била во функција на овој железнички премин засега не е познато. Во несреќата со повреди се здобил возачот на автомобилот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.